Пејачката се изморила: 2020. ја посветувам на своето семејство

Пинк го пофалила и својот сопруг со кој ќе прослави 14 години брак во јануари. 

321

Пејачката Пинк во изминатиот период работела прилично напорно и изгледа дека ќе паузира во 2020 година.

Зборувајќи за „Ентертејмент тунајт“ на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Кантри мјузик асосијешн“, на Пинк ѝ се придружиле нејзиниот сопруг Кери Харт како и нивните деца.

Пинк во оваа прилика ја извела својата песна „Love Me Anyway“ со Крис Стејплтон, по што изјавила дека брзиот и зафатен начин на живот ѝ здодеал.

– Јас интензивно работев повеќе од две и пол години. Во тој период, мојата ќерка тргна на училиште, а синот е на предучилишна возраст. Мислам дека 2020 година ќе ја резервирам за семејството – рекла Пинк.

Ѕвездата го пофалила и својот сопруг со кој ќе прослави 14 години брак во јануари.

„Тој е супер поддршка. Ме следи насекаде низ светот и сега е ред да му се оддолжам – изјавила пејачката.

Според „Билборд“, нејзината турнеја насловена „Beautiful Trauma Tour“ се најде на 10. место на најуспешни турнеи во историјата со најголема заработка на сите времиња, заработувајќи повеќе од 397 милиони долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...