Пешак е тешко повреден во страшна сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата помеѓу булеварот Партизански одреди и Климент Охридски во Скопје.
Според очевидци, пешакот стоел покрај коловозот и најверојатно чекал да помине, кога бил удрен од две забрзани коли и отфрлен неколку метри во висина, по што удрил во бандера.
Според неофицијални информации, во незгодата учествувале автомобил марка „БМВ“ и „мерцедес“ со скопски регистерски таблички.