Повозрасен граѓанин е потешко повредено откако во него удрил автомобил на раскрсница во Струмица, соопшти МВР.
Како што соопштија од МВР, несреќата се случила нараскрсницата на улицата Ленинова“ со улиците Браќа Миладинови и Цветан Димов вчера во 12.30 часот.
„Патничко возило „форд галакси“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.Т( 26) од село Вељуса удрило во пешак С.К. (75) од Струмица. С.К се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица пуштен е на домашно лекување“, соопшти МВР.