Пешак и возач тешко повредени во Скопје, „пајак“ кренал 71 возило

61

Еден пешак и еден возач на моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а шестмина со лесни телесни повреди во 12 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 22 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, тројца возачи возеле под дејство на алкохол и десет возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило.

Исклучени од сообраќај биле и 12 нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 100 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 71 возило.

Полицијата казнила и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло,  еден за неправилно престројување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...