Пецас: Спречени беа над 4000 нелегални влегувања во Грција

82

Грција вчера беше на мета на организиран, масовен и нелегален обид за преминување на границата и издржа, заштитувајќи ја нашата граница и границата на Европа, спречени беа над 4.000 нелегални влезови, рече портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, по вонредниот состанок одржан во премиерската палата под грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со учество на министри од владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас, рече дека 66 лица ја поминале границата приведени се, а немаат никаква врска со Идлиб и истакна дека владата е решена да направи сѐ што е потребно за заштита на границите.

– Ги зајакнуваме нашите сили на копно и море. Во Еврос се префрлаат дополнителни сили од полицијата и армијата. На островите, се засилуваат силите на крајбрежната служба и од денеска патролираат вкупно 52 бродови на крајбрежната служба и воената морнарица. Владата е решена да стори сé што е потребно за да ги заштити нашите граници – рече Пецас по состанокот.

Граничниот премин „Кастањес” со Турција кај Еврос, веќе 24 часа е затворен, а од турска страна и понатаму се собрани бегалци и мигранти кои во текот на ноќта се судрија со полицијата.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...