Пецас: Не може да има раздвојување на европскиот процес на Северна Македонија и Албанија

303

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека не може да има раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Од дискусиите во Европа она што го сфаќаме и од она што го гледаме и ние, наша позиција е дека не може да има раздвојување – рече Пецас одговарајќи на прашањето „дали дискусијата за Западеен Балкан вклучува и раздвојување на интегративниот процес на Северна Македонија од Албанија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...