Пецас: Лажна вест е видеото за смрт на бегалец на грчко – турската граница

95
ФОТО: Јутјуб / Принтскрин

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, реагираше, по вестите во турските медиуми и објавеното видео дека наводно во инцидентите на Еврос е грчките полицајци, убиле бегалец од Сирија, коментирајќи дека станува збор за лажна вест и лажна турска пропаганда, јави дописничката на МИА од Атина.

– Видеото што покажува смрт на грчко – турската граница е лажна вест. Ги повикуваме сите да бидат внимателни кога пренесуваат вести што ја помагаат турската пропаганда. #fakenews #fakeTurkishPropaganda, напиша Пецас на „Твитер“.

Дел од турските медиуми, пишуваат дека бегалец од Сирија, објавувајќи го и неговото име, бил застрелан во пределот на вратот од грчки војници и им подлегнал да повредите.

Според медиумите во Грција, веста за убиството била објавена и од Ројтерс.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...