Пет лица се повредени во директен судир на БМВ и „рено клио“

Полицијата соопшти дека до несреќата дошло кога Н.Г.(36) од Косово кој управувал  со автомобил „рено клио“ претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во БМВ кој го управувал Ш.С.(37) од Косово со привремен престој во Тетово.

1835

Пет лица се повредени во сообраќајна несеќа  што се случи на магистралниот пат Скопје – Блаце. Полицијата соопшти дека до несреќата дошло кога Н.Г.(36) од Косово кој управувал  со автомобил „рено клио“ претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во БМВ кој го управувал Ш.С.(37) од Косово со привремен престој во Тетово.

Во несреќата се повредени М.Р.(53) од Косово, сопатник во возилото „рено клио“, И.Р.(51) од Косово, со привремено живеалиште во Германија, сопатник во истото возило кои се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Третиот сопатник од истото возило Ш.Л. (37) од Косово, е пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Со телесни повреди исто така се здобиле и возачите Ш.С. и Н.Г.  Едниот од возачите е пренесен во болницата во Тетово, додека вгториот во Градската општа болница „8-ми Септември“.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...