Најмалку пет лица загинаа откако мал авион се урнал врз куќа во предградие во јужна Калифорнија, по што куќата се запалила.
Локалните власти соопштија дека загинале четири лица во куќата и пилотот на авионот. Жртвите во куќата засега се опишани како двајца мажи и две жени.
Претставници на локалниот мал аеродром од каде што полетела Цесната, изјавиле дека пилото бил многу искусен и често летал токму од тој аеродром
Во тек е истрага за причините за несреќата