Пет години затвор за Русин поради објава на Твитер

272

Руски суд денеска осуди блогер на пет години затвор затоа што поттикнувал насилство врз деца на полицајци.

Судот во Москва пресуди дека блогерот Владислав Синитса е виновен за екстремизам откако на 31 јули објави твит во кој сугерира дека децата на полицајците кои насилно се однесуваат кон демонстрантите би можеле да станат цел. Најмалку еден полицаец изјавил пред судот дека твитот го сфатил како закана кон сопственото семејство.

Синитса демантираше дека твитот повикувал на насилство и најави жалба. Тој својот твит го оцени како „малку непристоен и неетички“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...