Пет години забрана за влез во Македонија за играорецот кој постави албанско знаме на Самоиловата тврдина

394

Играорецот кој вчера го постави албанското знаме на Самоиловата тврдина платил казна од 1.100 евра и добил 5 години забрана за влез во Македонија, јавиваат локалнитте медиуми. Казната е одредена откако вчера четири лица, членови на фолклорната група Арбераши од Косово, поставиле албанско знаме на тврдината во Охрид како дел од кореографија за нивен видео запис.

Играорецот веднаш ја напуштил Македонија во придружба на полицијата. За инцидент от биле приведени две лица, но казнет бил само играорецот Ѓерг Прекоцај (50) од Косово, а со место на живеење во Лозана, Швајцарија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...