Пет возачи на мотоцикли казнети поради неносење заштитен шлем, а 23 возачи за мобилен

81
ФОТО: Принтскрин

Вкупно 19 возачи вчера од Скопје управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи биле нерегистрирани, информираат од полицијата. 

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 139 мандатни платни налози и 79 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...