Секс-бомбата Памела Андерсон (52) петти пат го изговори судбоносното „да“, овој пат со Џон Питерс (74), кој е познат холивудски продуцент, a меѓу филмовите на кои има работено е и филмот „Ѕвездата е родена“.
– Веќе со децении, јас можам да бидам со која жена сакам. Светот е преполн со убави девојки. Но веќе 35 години, јас ја сакам само неа – рекол тој.
Инаку, Памела и Џон се запознале во 1980-тите во вилата на славниот Хју Хефнер кога актерката имала 19 години и била дел од големото семејство на „Плејбој-зајачици“.
Венчавката се одржала во Малибу, а по размената на заветите, Памела Андерсон изјавила:
„Џон е оригинално „лошо момче“ на Холивуд – никој не може да се спореди со него. Го сакам длабоко, како семејство. Неговиот живот порано ме исплаши, беше премногу екстравагантен за млада девојка како мене. Но сега видов повеќе и сфатив дека тој беше тука некаде цело време. Никогаш не ме разочара – и сега сум подготвена, исто како и тој. Ние се разбираме и се почитуваме. Ние се сакаме искрено. Јас сум среќна жена. Доказ дека Бог има некои специфични планови.“
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин