Петте најжестоки дебати на „Само вистина“ (ВИДЕО)

Во изминатите 200 епизоди, низ студиото на „Канал 5“ поминаа исто толку функционери, политичари, економисти, правници, активисти...

2132

Пред точно една година, интервјуто на Талат Џафери го означи почетокот на „Само вистина“, емисијата која си постави за цел да се намести на средина, да ги чуе и двете страни и да ја пронајде само вистината. Во таа кратка година, „Само вистина“ брзо издоминира меѓу политичките дебатни емисии во земјата, за што сведочи двојно поголемата гледаност пред останатите.

Во изминатите 200 епизоди, низ студиото на „Канал 5“ поминаа исто толку функционери, политичари, економисти, правници, активисти… Во исчекување на Дуелот на неделата вечерва, кога во рингот со жешкиот „икс“ ќе се соочат Влатко Ѓорчев и Бетиане Китев, ве потсетуваме на ТОП 5 дуелите за кои и денеска се зборува.

Павле Богоевски VS Богдан Илиевски

Кога едниот сѐ уште не беше седнат во обвинителната клупа, а вториот во својата пратеничка фотелја, некогашните револуционери од различни револуции, се соочија и во „Само вистина“. Потсетете се на најинтересните моменти:

Есад Рахиќ и Оливер Андонов

Не може да ги пребарувате овие две имиња, а да не налетате на зборот „дијазепам“. Дуелот кој толку се вжешти што поранешниот пратеник мораше да му понуди апче за смирување на несудениот министер.

Влатко Ѓорчев и Хари Локвенец

„Keтеринг имавте спремно на 29 јануари, да ја прославите коалицијата со ДУИ и останувањето на власт.“ Ако ова беше најблагото препукнување меѓу пратениците од двете најголеми партии, претпоставувате каков беше остатокот од дебатата за Законот за јазиците овој март. Дуел кој мора да се погледне:

Филип Петровски и Мирослав Грчев

Во периодот кога излезе она неговото легендарно „Македонската држава е буквално измислена во рамките на Југославија“, професорот Грчев во „Само вистина“ имаше жесток дуел со поранешниот директор на Архивот. За „Скопје 2014“, спомениците и дали градот Скопје пак ќе (р)(н)икне, ова е уште една дебата вредна за гледање:

Томислав Тунтев и Драган Данев

Кординаторот на пратеничката група на СДСМ и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Што повеќе да се каже? Дуел во кој дури и водителката Мирјана не успеа да стигне до збор. Откако ќе ја погледнете дебатата, само замислете што се случуваше за време на рекламите:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...