Бараме американскиот амбасадор да биде прогласен за персона нон грата за грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија, порача Тодор Петров од протестот пред Собранието за зачувување на уставното име.
Петров од говорницата порача дека бараат оставка на Владата, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори, бидејќи како што рече оваа Влада е нелегитимна.
– ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името и на идентитетот – рече Петров.
Тој додаде дека бараат воена репарација од Грцијам бидејќи според него, геноцидот се уште трае.
– Не чекајте команда за акција, на секое место пружете отпор кон Владата. Овој режим мора да падне – им порача меѓу другото на присутните Петров.
Тој го повика шефот на државата Ѓорге Иванов да ги помилува сите учесници од настанот во Собраниет на 27 април.
Од протестот порачаа уште од утре да почнат блокади на патиштата.