Човечка реакција е да не сакаш промена на името, никој од нас не сака. Но, ние имаме проблем, Грција нема. Грција може да продолжи вака наредните 100 години да игра пинг-понг со нас.
Ова во вечерашното издание на „Само вистина“ го изјави поранешниот генерален секретар на СДСМ, пратеник и градоначалник Андреј Петров, кој со заменикот
генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Петар Богојески размени ставови и позиции околу процесот за името.
Според Богојески до решението мора да се стигне заеднички со опозицијата.
– После Букурешкиот самит на НАТО во Скопје немаше сообраќај три дена. Не ни треба повторно такво национално разочарување. Затоа, нема потреба од непотребноn ширење на оптимизам и такво вознемирување на сите сетила на граѓаните – смета Богојески.
Тој истакна дека треба да се охрабри владата за напорите што ги прави во делот на надминување на прашањето за името со Грција и дека владата треба на тој план да покаже покаже поголема инклузивност кон опозицијата и сите останати чинители во општеството.
Петров кажа дека како што е сега никогаш до сега толку блиску до решение не бил
процесот за надминување на спорот за името и дека треба да се даде шанса и ако има капацитет, подготвеност воља и сила да се реши ова прашање и Македонија да зачекори еднаш засекогаш кон Евроатлантските структури.
Петров за првата година од владата преодна оценка даде за надворешните работи и демократизацијата на општеството а негативна во делот на економијата, здравството, социјалата.
– Кога ги гледавме првите пратеници во ’91ва се воодушевувавме на нивното чувство за демократија, за дебата, за прифаќање на спротивни ставови, за заедничко градење…се надевам ќе се вратиме на тие времиња – вели Петров.
Богојески рече дека првата година од владеењето, владата не ја завршила успешно а го пофали проактивниот однос на владата за решавање на надворешно-политички прашања.