Петровска: Чулев да не ги потикнува вработените да го прекршат законот

246

Работењето во Министерството за внатрешни работи согласно законите и прописите е основата за спроведување на фер, слободни и демократски избори, што е главна цел заради што е формирана оваа техничка влада, вели Славјанка Петровска дополнителната заменичка министерка во МВР.

– Владата на својата седница одржана вчера донесе одлука за поништување на решенија, при чие донесување министерот Наќе Чулев, намерно или од незнаење, не ги почитувал важечките законски и подзаконски акти.

На секој правник му е јасно дека одлука донесена во законска процедура не може да биде суспендирана врз основа на телеграма, па затоа доколку тој не се сложува со одлуката на владата, треба тоа да го изрази согласно законските процедури пред институциите, а не со телеграма.

Истовремено, тој не смее да ја злоупотребува својата позиција и да ги поттикнува вработените да сторат повреда на законот и да не ја почитуваат одлуката на владата. – вели Петровска и ги повикува вработените во министерството да го задржат својот професионален и личен интегритет и да се спротивстават на секој обид на враќање на некои стари навики на беззаконие и диктаторско однесување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...