Петровска: На границата со Грција нема многу мигранти, но опасност постои

197
фото: МИА

На подрачјето на нашата јужна граница нема поголеми раздвижувања од мигранти, но сепак опасноста од мигранти во земјава е голема иако притисокот е долу на границата помеѓу Турција и Грција, изјави денеска заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, одговарајќи на новинарско прашање дали има поголемо раздвижување на мигранти на јужната граница.

– Редовно сме информирани од колегите од грчката полиција и од Фронтекс и во координација со нив ќе го зголемиме бројот на полицајци доколку тоа е потребно – рече заменик-министерката Петровска на денешната нејзина посета на СВР Велес.

Таа потенцира дека апсолутно проблемот со мигранти по нашата граница постои се додека не биде решен од таму каде што потекнува.

– На нас е да ги преземеме сите мерки, за тоа да биде претходно превенирано, потенцира Петровска.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...