Најмалку 15 лица загинале, а 18 се повредени при превртување на автобус во регионот Трансбајкал, во рускиот далечен исток, соопштија локалните власти.
Според информациите на локалните лекарски служби, шестмина повредени се хоспитализирани.
Во автобусот имало 43 луѓе.
Портпаролот на локалната полиција соопшти дека до несреќата дошло поради пукање на гума на автобусот.