Петнаесетгодишнaтa Коко ја совлада Венус на „Вимблдон“

Петнаесетгодишната Американка забележа вкупно три брејка на средбата против само еден во корист на својата сонародничка, за да го затвори дуелот по само 81 минути игра од својата четврта можност при грешка за Вилијамс.

679

Поранешната број 1 тенисерка во светот, Венус Вилијамс отпадна уште во првиот круг на „Вимблдон“. 39-годишната петкратна шампионка во Лондон загуби со 4:6, 4:6 од тинејџерката Кори Коко Гауф која е најмладата тенисерка во историјата на „Вимблдон“ во „Опен ерата“, која се рангираше за главната шема.

Петнаесетгодишната Американка забележа вкупно три брејка на средбата против само еден во корист на својата сонародничка, за да го затвори дуелот по само 81 минути игра од својата четврта можност при грешка за Вилијамс.

Во вториот круг Коко Гауф, која во наредните денови нема да посетува училиште поради учеството на Гренд-слем турнирот, ќе се соочи со Магдалена Рибарикова од Словачка, која ја победи десеттата носителка Арена Сабаленка (Белорусија) со 6:2, 6:4.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...