Петнаесетгодишната Софија била најновата жртва на екстазите во Србија.
-Дваесетина млади биле на приватна забава во куќа. Сите пробале тоа што било донесено. Некои велат дека станува збор за екстазите донесени од Кина. Секој различно реагира на нив – рекол извор за српски „Курир“.
По нејзината смрт, уапсен бил 21-годишник поради сомнеж дека ја донел дрогата на забавата. Според соопштението од полицијата, тој донел седум таблети на забавата, од кои една зела Софија.
Несреќната девојка потекнувала од угледно семејство.
-Таа вечер таа пробала екстаза само од љубопитство и најверојатно за прв пат, бидејќи друштвото околу неа зело. Се зборува дека екстазите од Кина се пет пати појаки од домашните. Софија зела една таблета – рекол изворот.
Изминатото лето, екстазите во Србија одзедоа четири млади животи.
Извор: српски „Курир“
ФОТО: српски „Курир“ / Принтскрин / Фејсбук