Петмина ќе се спогодат со Обвинителството, Јакимовски ќе чека ново рочиште

1274
20151019 Monday 1425 Stevcho Jakimovski Stevco

Петмина, од вкупно 11 осомничени во случајот со незаконската легализација на објекти во општината Карпош, сакаат да се спогодат со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое пред два месеци им поднесе обвинение., информира Јавното обвинителство.

Меѓу нив не е Стевчо Јакимовски, поранешниот градоначалник на Карпош.

„По поднесување на обвинителниот акт поднесен до Основниот кривичен суд – Скопје на 30.10.2019 година, од страна на четири обвинети лица се поднесени изјави за признавање на вина, а на денеска закажаното рочиште за оценка на Обвинителниот акт уште едно лице даде изјава за признавање на вина. Надлежниот јавен обвинител заради спроведување  на постапката за спогодување со обвинетите побара да се одложи рочиштето“, инфомира Обвинителството.

Откако обвинетите ќе се спогодат со јавниот обвинител, предлог – спогодбите  ќе бидат доставени до судија на претходна постапка кој во рок од три дена треба да закаже рочишта.

„За лицата со кои јавниот обвинител нема да постигне спогодба и за обвинетите што не дадоа изјави за признавање на вина закажано е ново рочиште за оценка на обвинителниот акт за 26.12.2019 година. Според Обвинителниот акт обвинети се 11 лица  – градоначалник,  осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице – изведувач и надзор.

Според дејствијата опишани во актот, првообвинетиот сторил повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 во врска со ст.3 и едно кривично дело бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 од Кривичниот Законик, на седуммина им се става на товар кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 и две лица, со опишаните дејствија во обвинението, сториле кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението од ОЈО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...