Пет лица ноќеска, во 2,50 часот, физички го нападнале Г.Е.(20), кој бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар.
Како што информира МВР, нападот се случил на улицата „8 Септември“ во Дебар. На Г.Е. му била укажана лекарска помош во Медицински центар-Дебар од каде бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во 3:40 часот во Полициската станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К.(27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К.(21).
Полицијата најави дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.