Петмина мигранти од Пакистан откриени кај Неготино

116

Полицијата вчера открила петмина мигранти во Пакистан кај Неготино кои се превезувале со возило со струмички регистарски ознаки.

„Вчера во 16.40 часот на автопатот А-1 Гевгелија-Велес, на исклучување кон Неготино, од страна на униформирани полициски службеници  било забележано патничко моторно возило со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.В. од Гевгелија, за кое постоеле сознанија дека во него се превезуваат мигранти. Од возилото биле забележани како излегуваат пет мигранти, по што возачот го стартувал  возилото и се исклучил на клучката кај  Стоби, по што застанал. Совозачот во возилото  Л.Б. (21) од Гевгелија  е лишен од слобода, а петмината мигранти од Пакистан се сместени во Прифатен центар за странци во Скопје“, информираат во полицискиот билтен.

За случајот е известен јавен обвинител.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...