Петмина кандидати за претседател на Адвокатската комора

519

Адвокатската комора на Република Македонија утре во Струга ќе го одржи 63. Годишно собрание на кое ќе избира нови органи на Комората. Откако ќе биде избран нов Управен одбор на Комората, ќе биде избран и новиот претседател, откако му истече четиригодишниот мандат на Никола Додевски.

Во игра за претседателското место на Адвокатската комора се петмината адвокати Љубомир Михајловски-Џанго, Александар Тортевски, Наташа Трпеновска Тренчевска, Димитар Панчевски и Звонко Давидовиќ.

Воедно утре ќе бидат одржани и „Денови на македонската адвокатура“, со што се одбележува 73 година од основањето на Адвокатската комора и 73 години адвокатура во Република Македонија, која во континуитет претставува носител во идеите и борбата за заштита на човековите права и слободи.

На настанот, како што информират од Адвокатската комора, се очекува да присуствуваат претставници на македонското правосудство, претставници на дипломатскиот кор, претставници на академската заедница, претставници на адвокатски комори од повеќе држави, членови на Адвокатската комора на РМ и бројни почитувачи на адвокатурата и правото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...