Петмина загинати при експлозија во рудник во Јужна Африка

46

Пет лица загинаа во експлозија на гас во рудник за јаглен, кој не е во функција во јужноафриканската покраина Мпумаланга, а неколку се блокирани, соопшти денеска полицијата.

Државната телевизија САБЦ јави дека 20 лица уште се блокирани под земја во рудникот во Мидлбург, а напорите на спасувачките екипи се попречени од високото ниво на отровен гас под земја.

Рудникот е во сопственост на компанија за истражување на природни ресурси „Тегет“, која е под кредиторска заштита откако нејзините сопственици, браќата Гупта, се оневозможени да работат во Јужна Африка поради тужба за корупција.

– Неколку лица влегле во рудникот вчера попладнето по локално време за да карадат бакарни жици, со кои рудникот се снабдувал со електрична енергија поради осветлување и вентилација, кога гасната цевка експлодирала – изјави полицискиот портпарол Леонард Хлати.

Браќата Гупта се обвинети за незаконско влијание на поранешниот претседател Џејкоб Зума поради политички именувања и склучување на договори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...