Петмина бугарски навивачи уапсени за расистички навреди на англиските фудбалери

Натпреварот Бугарија – Англија два пати беше прекинуван поради манифестации на расизам.

49
ФОТО: EPA / VASSIL DONEV

Бугарската полиција уапси петмина навивачи кои на квалификацискиот натпревар во Софија пред два дена на расна основа навредуваа англиски репрезентативци.

Уапсените петмина се обвинети за расистичките навреди, откако беа снимени како користат нацистички гестови.

За потсетување, натпреварот Бугарија – Англија два пати беше прекинуван поради манифестации на расизам.

По скандалот, УЕФА отвори дисциплински случај против репрезентацијата на Бугарија. Претседателот на Бугарскиот фудбалски сојуз Борислав Михајлов поднесе оставка по повикот од премиерот Бојко Борисов да ја напушти функцијата и да ја преземе одговорноста за инцидентите.

ФОТО: EPA / VASSIL DONEV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...