Петкоски шеф на изборниот штаб на ГДУ, Трендафилов и Рафајловски ќе ја прават платформата

949

Граѓанско Демократска Унија денеска ја одржа својата 5-та седница на
Националниот комитет на ГДУ.

Националниот Комитет на ГДУ ја утврди изборната програма во пресрет на претстојните парламентарни избори. За таа цел, НК на ГДУ го формираше Изборниот штаб и координаторите по изборни единици, согласно постојниот изборен модел.

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски е избран за шеф на Изборниот штаб на
ГДУ. Д-р.

Енсер Јусуфоски е избран за координатор за политички прашања,
како и членови на Изборниот Штаб: Димитар Попандонов, Фросина
Китановска, Борче Пачемски, Добре Митрев и Даниел Јорданоски.

На Седницата на НК на ГДУ се формираше и работна група за подготовка на
изборната платформа на ГДУ во состав: Ѓорѓи Трендафилов, проф. д-р Горан
Рафајловски, Марјан Михов и Перица Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...