Со непотпишувањето на Указите за Законот за ратификација на Договорот со Грција и на Законот за употреба на јазиците, претседателот на Република Македонија прави кривично дело и треба да се земе на кривична одговорност а не на политичка одговорност со покренување постапка за импичмент, рече претседателот на НСДП Тито Петковски во вечерашното интервју за „Само вистина“.
Тој дури и се чуди што правело досега Обвинителството и не му поднело на Иванов кривична пријава.
Петковски во „Само вистина“ првпат откри дека пред дваесетина години, биле куќни пријатели со Иванов.
– Со Иванов многу се дружевме. Што се случи откако стана претседател не знам, навистина не можам да го препознаам. Тој беше омилен професор меѓу студентите – вели Петковски.
Петковски смета дека Договорот со Грција не е најдобриот, но дека пробивот на нашата дипломатија бил направен кај зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, придавката македонски и уверен е дека никој во Македонија не е среќен со промената на името на државата, но дека друга алтернатива за членство во ЕУ и НАТО и воопшто
друга алтернатива, никоја од политичките партии досега не претставила.
– Република Македонија – Скопје или Република Македонија (Скопје) е најдоброто решение кое можеше да се постигне со Грција – вели Петковски, додавајќи дека сепак факт е што Македонија во постојните граници е само на 37 проценти од регионот Македонија кој зафаќа делови во уште три држави.
Погледнете го најновото издание на „Само вистина“
https://www.facebook.com/