Општинското основно училиште „Александар Македонски“ во соработка со Советот на родители донесе одлука за забрана на употребата на мобилни телефони за време на часовите.
– За таа цел, училиштето набави посебни шкафчиња каде што ќе се оставаат телефоните и учениците ќе можат со поголемо внимание да го следат часот. Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес. Ги поттикнуваме и другите училишта во општината да ја применат оваа практика – соопшти Општина Аеродром.