Петгодишно дете е тешко повредено откако во него удрило возило во Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 18.05 часот во двор од куќа на улица „Дузлачки рид“ во
Штип, патничко возило „Рено 19“, управувано од С.С.(25) од Штип, удрило
во петгодишно дете. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било
пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.