Петгодишно девојче се удави во базен во скопски ресторан

6721

Трагедија се случила синоќа во Скопје – петгодишно девојче паднало во базен, по што било пренесено на скопските клиники, каде, и по укажаната прва помош, утринава починало.

Во СВР Скопје синоќа околу 21:10 часот било пријавено дека во базен на угостителски објект во Скопје паднало петгодишно девојче, кое со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.

МВР соопшти дека изутрината во 8:30 часот детето починало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...