Анастасија Раџинскаја има само пет години и го зазема третото место на листата на најплатените јутјубери на магазинот „Форбс“.
Популарноста на петгодишната Русинка расте од ден на ден и таа годишно заработува 18 милиони долари само благодарение на Јутјуб. Каналот на Анастасија го покренале нејзините родители објавувајќи снимка од третманот откако ѝ била дијагностицирана церебрална парализа. Лекарите стравувале дека девојчето никогаш нема да зборува, но нејзините родители не губеле надеж. Видеоснимките им послужиле за да им покажат на пријателите и семјството дека напредокот на Анастасија се остварува.
Тие објавувале видеоигри со таткото, со мачката и слични содржини кои се интересни за децата. По објавата на снимката од излетот во Золошката градина во 2018 година, кој е прегледана рекордно, девојчето станало ѕвезда на Јутјуб.
Анастасија, на интернет позната како „Настија“, денес има седум канали што ги следат 107 милиони луѓе, а од 1 јуни 2018. до 1 јуни 2019 година, благодарение на рекламите и спонзорираната содржина заработила 18 милиони долари. Овој изност не е ниту приближен на оној што годишно го заработува Рајан Каји. Тој е на прво место на листата на „Форбс“ на најдобро платени јутјубери благодарение на годишната заработувачка која изнесува вртоглави 26 милиони долари.
Каји се прослави со отворање подароци пред камери. Каналот Ryan ToysReview бил покренат во 2015 година, а неодамна го преименува во Ryan’s World (Светот на Рајан) и има 23 милиони следбеници. Успехот на овие деца со текот на годините би можел да донесе помал приход. Имено, Јутјуб во моментот соработува со американска Сојузна комисија за трговија (ФТД) со цел да се лимитира приходот на каналите за деца. Според комисијата, тие канали потенцијално го кршат законот за приватноста на интернет.
Приходите исто така ќе бидат намалени и со одлуката која се однесува на забраната на огласите кои се насочени кон детски содржини. На тој начин, огромна загуба на приходите ќе ги погоди и Анастасија и Рајан, чии родители водат парница затоа што во некои нивни видеа се појавуваат платени производи а тоа не е јасно наведено.