Петгодишната Зарина преживеала четири дена сама во шума во Русија (ВИДЕО)

933

Петгодишната Зарина Авгонова од Русија била спасена по поминати четири дена сама во шумата. Таа се изгубила додека береле печурки со нејзината баба.

Спасителите стравувале дека таа се удавила. Иако кучињата не можеле да ја намирисаат, таа имала среќа бидејќи спасителите нашле нејзини траги.

Во потрагата со спасителите имало и жени, бидејќи Зарина, како што рекле членови на нејзиното семејство, се плашела и се срамела од машки лица.

Кога ја нашле, таа била исцрпена и дехидрирана, па веднаш ја изела храната која и ја дале.

– Нејзиниот глас беше толку слаб, па мислевме дека е птица – рекол волонтерот Алексеј Макаров.

Таа имала гребаници и модринки, а маицата и била мокра.

– Ја прашав дали и е страв, а таа ми одговори негативно. Ја прашав што и треба, а таа ми одговори „колаче и малку вода“ – додал Макаров.

Зарина била пронајдена на околу километар и пол од нејзиното село. Од шумата со хеликоптер била пренесена во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...