Петар Колев од ГДУ: Нашите пријатели и роднини од Бугарија треба да ја прифатат сегашноста таква каква што е

1223

Ние како македонско општество треба да го погледнеме минатото со реални очи и без фрустрации, прифаќајќи ги историските вистини такви какви што се.

Нашите пријатели и роднини од Бугарија, особено наследниците на стотиците илјади бегалци од Македонија, треба да ја погледнат и прифатат сегашноста таква каква што е, без непотребна емоционалност, туку чисто практично и прагматично, а заедно да изградиме визија за иднината која неспорно е дел од ЕУ и НАТО, се вели во реакцијата на Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Сето тоа би можело да се случи само ако се работи искрено, на база на вистината и реалноста и без непотребно индоктринирање на општествата.

Само оваа формула може да сработи за нормализирање на односите Скопје – Софија и да отвори простор за идните генерации.

Пумпањето на злоба, манипулирањето и играњето на непотребен патриотизам, како и потценувањето на некои јасни пораки само ќе ни ја загорчи реалноста, се вели во  соопштението до медиумите од Центарот за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...