Петар Колев: Не сум внук, баџанак, сестра или брат на некој „дембел“!

Ние и без вас можеме, но вие без нас тешко. Ќе си ги спакуваме куферите, ќе заминеме од тука и не знам од каде ќе земате плати, пензии итн. Вие сте толку самовљубени и неспособни што освен да цицате како крлежи од буџетот, друго тешко дека правите. Ќе си бидете робови и такви ќе останете!

9453

Не, јас не сакам овде да седам, не, јас не сакам мразој да гледам, орелски крилја как да си метнам и далеку од овој комунизам да прелетнам.

Така размислуваме оние кои учевме, се подготвувавме, создадовме меѓународно искуство, решивме да живееме тука и сега, работиме, се трудиме да направиме кариера во нашата држава Македонија, но сме со хендикеп.

Имаме здрава кичма, не клекнуваме пред политичките криминалци, веруваме во демократијата, способни сме и сме спремни да се спротивставиме на ова лудило.

Не сум внук, баџанак, сестра или брат на некој „дембел“. Јас сум млад, образован и подготвен човек. И кој ве перцепира господа?! Вие не сте важни за овој свет! Вие сте важни за себе, своите тендери, роднини  и партиски послушници!

Ние и без вас можеме, но вие без нас тешко. Ќе си ги спакуваме куферите, ќе заминеме од тука и не знам од каде ќе земате плати, пензии итн. Вие сте толку самовљубени и неспособни што освен да цицате како крлежи од буџетот, друго тешко дека правите. Ќе си бидете робови и такви ќе останете!

Но што со нас? Тие кои не сакаме да бидеме како вас?! Или пакуј куфери или…

Кај е интелегенцијата? Професорите, капиталистите, демократите? Кај сте се скриле вие глувци, со потенцијал на генијалци?

Од што се плашите? Денес ова ни се случува на нас, утре на нашите деца. Овој суб-комунизам наречен „ДПМНЕ-СДСМ ДОО” кој стимулира полтронство, непотизам и криминал до кога ќе го трпиме?

Нема цел живот да се занимаваме со вас господа манипуланти од суб-комунистичкиот франкенштајн, но имаме сили за уште една битка. Или ќе ве поразиме или ќе го оставиме ропството и врз нашите деца.

Знамето на НАТО, не ве прави натовци. Тоа е прашање на култура, образование и домашно воспитување, нели се разбираме баџанаку?!


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...