Првиот човек на Граѓанско Демократската Унија-ГДУ, Петар Колев денеска во својот роден град Штип го искористи своето право на глас. Во неколку наврати претходно, лидерот на ГДУ истакнуваше дека според него референдумот е најдемократската алатка за да се дознае што посакуваат граѓаните. Во своите медиумски настапи тој исто така ги повика, граѓаните да размислат и да донесат одлука за доброто на Македонија, соопшти ГДУ.
– ГДУ, ќе продолжи да се залага за наметнувањето на референдумите како најдиректен начин за носење на одлуките за развојот на нашата земја.
Потсетуваме дека нашата партија предложи кон референдумското прашање да биде додадено уште едно прашање поврзано со намалувањето на бројот на пратениците и промената на изборниот модел.
Ние веруваме дека граѓаните на Република Македонија знаат што е најдобро за иднината на нашата земја и ќе ја почитуваме нивната одлука.
За огромна жал на новинарите им беше забрането да снимаат и сликаат како претседателот на ГДУ Колев го искористи своето право на глас. На избирачкото место 2269 во Штип добивме изрична забрана од комисијата да фотографираме и снимаме.
За жал и на денот на референдумот за европска иднина на нашата земја се потврдија двојните аршини кои се далеку од европските правила и вредности – велат од ГДУ.