Еден од најпознатите хрватски пејачи, Петар Грашо, по подолго време ќе има свој солистички концерт и во Скопје.
Петар Грашо во декември доаѓа во Скопје, а станува збор за два ексклузивни и интимни концерта, во Македонската Филхармонија, велат организаторите од „Авалон продукција“.
Концертите ќе се одржат на 13 и 14 декемвври со почеток во 20 часот и претставуваат уникатна можност човекот кој ги има испеано хитовите „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“ и уште многу други, публиката да го види во интимен амбиент во Скопје.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7 октомври во 9 часот наутро, по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 2.000 ден.
Последен пат во Скопје, Грашо дојде да ја прими наградата за Најпопуларен балкански хит на „Златна Буба Мара на популарноста“, на почетокот на годинава.
FOTO: Avalon produkcija/Fejsbuk