Петар Богојески: Не истурајте гнев, ова не е шопинг на пратеници!

5560

Петар Богојески, реформатор и до неодамна заменик генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, смета дека компромисот помеѓу политичките субјекти е најдоброто решение за излез од политичката криза по референдумот.

По информациите дека владата попладнево ќе го разгледува предлогот за уставни измени и ако не се обезбеди двотретинска поддршка во Собранието, ќе се активира сценариото за предвремени парламентарни избори Богојески, вели дека конечната одлука пак ќе биде во рацете на народот.

-И двете решенија се легитимни. Првото е „повторен референдум” – одлуката пак се враќа кај граѓаните. Второто е пак одлука на граѓаните преку т.н. пренесен суверенитет. Што и да се случува во овој момент, повеќе од јасно е дека Македонија поради погрешните политики кон „Преспанскиот договор” влегува во политичка криза. Од тука и заклучокот дека може се да се реши во Собранието, а пак да има потреба од предвремени парламентарни избори – оценува Богојески.

Тој реагира што во консултациите меѓу пратениците во јавноста се користат термини, како да станува збор за шопинг на народните избраници кои имаат право на самостојни одлуки.

-Терминологијата која во овој момент се користи во насока на објаснување на процесот пред Собранието, звучи како да се случува „шопинг на пратеници”. Тоа е апсолутно неприфатливо. Тоа се луѓе со свои емоции и свои ставови, а крајно некорекно е кон нив да се насочи целиот гнев. Крајно, они имаат право самостојно да носат одлуки, зашто се носители на граѓанскиот суверенитет. Во услови кога народот не донесе одлука, јасно и недвосмислено или донесе одлука кога не е облигаторна во пракса, нормално е процесот да продолжи во институциите. Најдобро решение е компромис помеѓу политичките субјекти – вели реформаторот Богојески им порачува на своите колеги политичари  да не ја испуштаат шансата со која се обезбедува иднината на државата.

-Овој процес, има најави, да се оптерети со дополнителни прашања, што е апсолутно непотребно и со опасност целосно да го сруши. Што и да се случи овие денови, апелот е не ја пропуштајте шансата за иднината на нашите деца – порачува Богојески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...