Петар Богојески во одбрана на слободата на изразување: Дали СДСМ се враќа кон своите корени?

1542

Петар Богојески, младиот крушевчанец кој доследно се залага за реформи и демократски промени во својата партија ВМРО – ДПМНЕ поради што во јавноста е познат како реформатор, вечерва на Фејсбук реагира во одбрана на слободата на изразувањето.

Тој поставува неколку прашања во врска со приведувањето на младите од ВМРО – ДПМНЕ наводно поради пишување графити, бара одговорност од МВР, институцијата на која и порачува дека треба да стави крај на сите сценарија, со кои се дестабилизира општеството.

Во продолжение Фејсбук статусот на Богојески:

„Повеќе од Век, младите припадници кон Организацијата, својата пркост, својот гнев, својата визија, ја пренесувале преку графити, низ сите градови од Македонија.

Графитот е урбана димензија на граѓанската порака, кон оние, чие време поминува… графитот најавува иднина… најбавото во Скопје се уличните графити (со чесни исклучоци, кои го нагрдуваат авангардното лице на градот)!

На крајот на предходниот Век, во отсуство на социјални мрежи, нет портали… младите својата порака ја испраќавме преку графити… преку слика, која сама по себе, руши бариери, повеќе од денешни 1000 ФБ постови! Тогашната власт од СДСМ, како наследник на комунистичката елита, во стилот на онаа познатата “милиција тренира строгочу…”, вршеше масовно малтретирање над сите нас, младите активисти на УМС… со тоа не не поколебаа… не охрабрија… на бранот на тој отпор, изградивме авангардна екипа за тоа време, чиј отпор ја сруши таа власт!

Денес, почеток на 2019 година, преку социјалните мрежи, дознаваме за враќање на СДСМ на старите навики!?!

Во неверување, дека се притвораат млади луѓе од своите домови, поради искажан револт преку графит, потсетувам на неславното минато на СДСМ, а славните почетоци на УМС на ВМРО ДПМНЕ… и прашувам:

Дали е ова вистина?!?

1. Ако е вистина, сите ние очекуваме итно соопштение за јавноста од МВР, со веќе утврдена одговорност на службените лица и ветување дека ова, нема да се повтори!!!

2. Ако не е вистина, ако е само „драмолетка” на момци, кои „патат за внимание”, преку социјални мрежи, едно ќе Ви порачам, дечки не сте достојни наследници на делото на УМС!!!

Доколку оваа пракса продолжи, мораме да ја покажеме пркоста и сите ние да покажеме солидарност со младиот човек од 21от Век, кој се обидува да дојде до глас, во ова и онака целосно “испревртено општество”!!!

Евентуални оштетни побарувања од ТЦ “Бисер”, доколку не може да бидат изоставени, да ги подмириме сите ние, кои сакаме и поддржуваме слобода на изразувањето! Да не ги оставаме младите сами, па макар и правеле “драмолетка” со обичен разговор со македонското МВР!

МВР мора да стави крај на сите сценарија, со кои се дестабилизира општеството и се предизвикува чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во очи на претседателските избори ‘19 година. Тоа е „терористичко сценарио” со надворешни ментори, со кое се сака да се сруши кредибилноста на изборниот процес во земјава, а со тоа РСМ да не започне пристапни преговори со ЕУ!!! Отворете очи!!!

Европската иднина, најмногу ја посакуваме токму за тие младинци, па макар и се огрешиле, „гласно преку графити”!

Европската идеја е многу над „старите манири на власта”!

Слободата пред се!!!“, пишува реформаторот Богојески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...