Персонални асистенти ќе може да користат 200 лица со попреченост

100

Услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини се проширува низ цела Македонија, со законот кој што е во собраниска процедура, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

„Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Во 2019 година е предвидено со оваа услуга да се опфатат 200 лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат околу 60 лица со попреченост“, соопшти Министерството.

Услугата персонална асистенција од денеска во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои им се доделени сертификати за персонална асистенција, откако успешно ја поминале обуката на Црвен крст и на Хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти на територија на Македонија се зголемува на околу 130.

Освен персоналните продолжува и обуката и поддршката за образовните асистенти коишто нудат помош на деца со попреченост во образовниот процес. Во новата учебна година 2018/2019, овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава. Во 2017/2018 година преку активните мерки за вработување биле ангажирани вкупно 140 образовни асистенти во 18 општини во државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...