Перишиќ договорил почетна плата од 3 милиони евра со Арсенал, се чека на Интер

146

Крилото на Интер, Иван Перишиќ, веќе ги прецизирал сите лични услови во договорот со Арсенал. Сега останува двата клуба да стигнат до консензус, објави италијански „Либеро“.

Според медиумот, Хрватот, кој за неколку дена ќе наполни 30 години, се договорил да добива плата од 3 милиони евра кај „топџиите“. Таа ќе биде во оваа големина до јуни. Потоа ќе се зголеми повеќе од двојно – до 6,5 милиони евра и ќе остане таква до крајот на договорот, кој би требало да е до 2022 година.

Во моментов, видот на трансферот се чини дека е најголем проблем за конечен договор. Уште пред неколку дена менаџерот на „топџиите“ Унаи Емери соопшти дека клубот може да си дозволи јануарски трансфери само ако станува збор за привлекување на играчи на изнајмување. Лондонскиот тим го сака хрватскиот репрезентативец како позајмен до крајот на сезоната со опција за откупување за 35 милиони евра. Интер, од своја страна, сака да направи продажба токму сега за да има пари да најде соодветна замена.

Перишиќ остана резерва за Интер за време на вчерашниот пораз од 0:1 од Торино. Пред натпреварот, извршниот директор Џузепе Марота призна дека играчот упатил апел до раководството да биде продаден до крајот на јануари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...