Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, дал наредба да се продолжи договорот со освојувачот на „Златната топка“, Лука Модриќ.
Хрватскиот играч од средниот ред беше поврзуван за трансфер во Интер минатото лето, но остана на „Сантијаго Бернабеу“, и сега е целосно посветен на „кралскиот“ клуб.
Според информациите, шефот на „белиот балет“ сака договорот на Модриќ да биде обновен до летото 2022 година. Платата на хрватскиот репрезентативец ќе се зголеми.
Триесет и двегодишниот играч од средниот ред пристигна во Мадрид во сезоната 2012/13 и има 287 меча за Реал Мадрид, во кои реализирал 16 гола и 44 асистенции на сите турнири.