На ден пред распишување на изборите, се менува Изборниот законик, тивко и без многу галама во јавноста. Таквиот потег се маскира со дефокусирање на јавноста со глупости од типот Мизрахи, Крсто, Амди… Тоа се прави со две цели:
1. Некој умен им соопштил дека во Изборната единица 5 има помалку од 250.000 жители, бројка која би можела да го направи невалиден изборниот процес.
2. Со припојување на Дебар и Маврово-Ростуше кон ИЕ 5, бројот на пратеници кои ќе ги освојат ДУИ-БЕСА-АА во ИЕ 5 се зголемува за 3-4, а истовремено ќе изгубат еден пратеник во ИЕ 6. Математиката ја направив по Донтов модел и не зборувам на памет. Ако сакате, можам тука и подетално со бројки, ама нема потреба.
Кој е бенефитот?
Валидноста на изборниот процес е запазена (СДСМ), а истовремено албанските партнери (ДУИ, БЕСА, АА) се задоволни и одоброволени да гласаат за новиот закон за Јавно обвинителство, кој патем треба да ги амнестира сите кои се огрешиле пред законот (ВМРО, ДУИ), а ги има во бомбите.
На крајот, сите играчи се среќни и задоволни (ДУИ, ВМРО, СДСМ), а ние остануваме со прстот во уста. Тоа е, драги гледачи, перверзија до плафон.
ПС. Анализа на темава нема да најдете ниту во провладините, ниту во проопозициските, ниту во албанските медиуми.
(ФБ статус на авторот)