Скопјанецот Пепи, Пертеф Назим (68) кој беше пријавен за исчезнат на 8 октомври, вчера бил пронајден мртов во водите на реката Лепенец, во близина на селото Бардовци.
Неофицијално близок роднина препознал дека станува збор за Пепи.
МВР соопшти дека вчера околу 9 часот било пријавено дека во атарот на село Бардовци-скопско, во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, бил пронајден машки труп во фаза на распаѓање.
На местото на настанот излезено било од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.