Обвинетиот за 27 април, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, на денешното судско рочиште Во Кривичниот суд во Скопје прв даваше заврши зборови тврдејќи дека не бил дел од организацијата за крвавиот четврток.
– Прво, не сум дел од никакво терористичко здружение, на 27 април бев службено во Собранието. Второ, нр сум нападнал никого, видно е од снимката облеката и обуките не се совпаѓаат со снимката што ја презентираше обвинителството. Трето, помагав на повредените и четврто, се повлеков од Собранието кога проценил дека завршив со работа бидејќи бев со службени обврски – рече Пепиќ.
Тој нагласи дека за се што се случувало во Собранието ја информирал службата согласно работните задачи и кога таму останале само припадниците на МВР тој си заминал.