Пентагон ќе ја набљудува Русија во согласност со меѓународниот договор Отворено небо

98

Американското Министерство за одбрана соопшти дека ќе изврши набљудубвачки лет над Русија во согласност со меѓународниот договор Отворено небо.

Според Пентагон летот ќе биде извршен со цел да се проценат руските воени активности.

Договорот Отворено небо е потпишан во 1992 година во Хелсинки, а стапи во сила во 2002 година овозможувајќи им на 34 земји потписнички да надлетуваат други територии за взаемно набљудување на воените активности.

– Тоа е прв лет во согласност со Договорот. Русија за набљудувачкиот лет, кој ќе трае два дена е известена на 12 февруари – изјави портпаролот на Пентагон, Џејми Дејвис.

Авионот ОЦ-135 треба да ја напушти Русија в сабота.

– Во американскиот авион ќе има и руска делагација која ќе ги набљудува сите етапи на летот – посочи Дејвис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...