Пенс им се јави на Заев и Ципрас и ја потврди поддршката од САД за НАТО

Тој во разговорот со Заев, како што соопштија од Владата, ја поздравил позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

867

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во телефонски разговори со македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас им го честиташе историскиот договор со Грција за решавање на долгогодишното прашање за името меѓу двете земји, соопштија синоќа Белата куќа, како и од македонската и грчката влада.

Тој во разговорот со Заев, како што соопштија од Владата, ја поздравил позитивната одлука на Европскиот совет за отворање на патот кон преговори за пристапување во Унијата во јуни 2019 година и ја потврди поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во владиното соопштение се наведува дека Пенс го пофалил Заев за лидерството, храброста и неговата посветеност кон мирот и стабилноста во регионот, нудејќи ја поддршката на САД за успешна имплементација на договорот за името.

Честитки, Пенс упатил и до Ципрас.

– Премиерот ја истакна важноста што ја има овој договор за стабилноста и заедничкиот развиј на Балканот, соопштуваат од кабинетот на Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Пенс и Ципрас, освен за договорот, разговарале и за грчко-турските односи и улогата на Турција во поширокиот регион, но и за зајакнување на грчко-американските економски односи, особено во пресрет на Меѓународниот саем во Солун кон средината на септември кога САД ќе бидат почесна земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...