Пензионираниот професор со малку пари е нов претседател на Тунис, според излезни анкети

Каис Саед, кој освои најмногу гласови во првиот круг, познат е како конзервативен правник кој е против идејата за политички партии. Тој е пензиониран професор по право, без политичка партија и со малку пари.

186
ФОТО: EPA / MOHAMED MESSARA

Независниот кандидат Каис Саед освои повеќе од 72 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Тунис, покажаа излезните анкети.

Неговиот проитвкандидат, медиумскиот магнат Набил Карои освои 27,4 проценти од гласовите.

Граѓаните на Тунис вчера гласаа за вториот избран претседател на земјата од револуцијата во  2011 година. Повеќе од седум милиони Тунижани имаа право на глас.

Карои, кој е во затвор поради обвиненија за перење пари и неплаќање данок, минатата недела беше пуштен на слобода под притисок од јавноста за да се обезбеди фер кампања.

Каис Саед, кој освои најмногу гласови во првиот круг, познат е како конзервативен правник кој е против идејата за политички партии. Тој е пензиониран професор по право, без политичка партија и со малку пари.

ФОТО: EPA / MOHAMED MESSARA

ФОТО 1: EPA / MOHAMED MESSARA

ФОТО 2 (Каис Саед):  EPA / MOHAMED MESSARA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...