Пензионер чекал 23 часа во болница и на крај починал: Камерите снимиле скандалозна негрижа на медицинскиот персонал ВИДЕО

Пензионерот од Ла Лоџа, кој живеел сам на стара фарма, починал рано утрото на 2 мај од инфекција на цревата, која според зборовите на адвокатот, не можела да се предвиди.

5749

Италијанскиот пензионер Џузепе Рамоњино починал во болницата во Монкаљери, близу Торина, по 23 часа чекање преглед, што и било снимено од безбедносните камери.Адвокатот на неговото семејство Габриел Ровета изјавил дека, иако не знае дали починатиот можел да биде спасен, медицинскиот персонал сигурно не му пружил соодветна помош.

Пензионерот од Ла Лоџа, кој живеел сам на стара фарма, починал рано утрото на 2 мај од инфекција на цревата, која според зборовите на адвокатот, не можела да се предвиди.

Последните часови од животот ги поминал во чекалната на одделението за итни случаи, но според зборовите на јавниот обвинител, допрва треба да се утврди дали медицинскиот персонал за тоа време бил информиран за неговата тешка состојба.

Ровета е со спротивно мислење и тврди дека персоналот го занемарил Рамоњино и ја потценил тежината на неговата состојба. Како доказен материјал се нуди снимката од болницата на која јасно се гледа дека пензионерот во болнциа дошол на 1 мај во 10 часот, накратко го напуштил одделението за итни случаи во 13:36 и се вратил таму во 13:41.

– Ниту еднаш за тоа време не се оддалечил од одделението за итни случаи. Накратко излегол и се вратил за 5 минути. Ова е голем пропуст и ќе бараме истрага. Не знам дали можел да биде спасен, но сосема е сигурно дека не добил соодветна медицинска помош. Тоа не се сличило ниту тогаш кога еден болничар го нашол онесвестен во тоалетот – рекол адвокатот, поткрепувајќи ги своите докази со снимките од бездомници кои во тој момент се наоѓале во чекална со него и кои се обидувале да го привлечат вниманието од лекарите.На снимките се гледа дека на 2 мај во 7 часот Рамоњино сè уште бил жив.

Болничкиот персонал реагирал 2 часа подоцна, и тоа по реакција на еден од пациентните кои биле во чекалната, само за да го прогласат за мртов во 9:43.

– Го помешаа со еден од многуте бездомници кои спијат во болницата и затоа не сакале да му пружат помош – рекол адвокатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...